Мозокот на новороденчињата расте со експресна брзина

Мозокот на новороденчињата најинтензивно расте во текот на првите три месеци. Имено, за деведесет дена тој достигнува величина која е адекватна на малку помалку од половина од мозокот на возрасен човек.

До третиот месец од животот мозокот на новороденчето расте во просек по 1% дневно, а веќе во текот на четвртиот месец достигнува до 40% од големината на мозокот на возрасен човек.

Во понатамошниот период растот продолжува но со забавено темпо, во просек по 0,3% дневно.

Според резултатите од истражувањето спроведено на медицинскиот факултет во Сан Диего, мозокот на момчињата расте побрзо од мозкот на девојчињата.

Предвремено родените бебиња при раѓањето имаат мозкок чија маса е помала од просечната, па се смета дека овој интензитет на раст е уште посилен, особено во првите три месеци, период во кој просечно се случуваа отстапка од 0,2%.

Без разлика на полот, деловите на мозокот кој најбрзо растат и се развиваат се оние кои се однесуваат на моториката.

Најспоро растат региите поврзани со помнењето. Хипокампусот во просек се зголемува за 37% што е уште еден доказ за постоењето на епизодното помнење за сметка на долгорочното.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk