На детскиот организам му се неопходни витамините од групата Б

Објавено на: Oct 31, 2016 од Мама Ане

Разновидната исхрана е клучна за овозможување на оптимално ниво на витаминскиот состав во детскиот организам.

Едни од најважните витамини потребни на детскиот организам се витамините од групата Б.

Групата на Б витамини е потребна за создавање на крвта и учествува во биолошките процеси во организмот за искористување на енергијата од нутриентите (масти, јаглехидрати и протеини) и за други важни функции на мускулниот и нервниот систем.

Сите Б витамини се содржат во разновидна храна и со различна концентрација ги има во житните растенија, во месото, рибата, темниот зелен зеленчук, гравот, грашокот, јајцата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…