На доилките им е потребен дополнителен внес на витамин Д

Објавено на: Sep 28, 2016 од Мама Ане

Особено е важно доилките да се хранат здраво, со разновидна и избалансирана исхрана.

За време на бременоста резервите на определени нутриенти како железо, калциум и витамин Д во организмот можат да се намалат, а практикувањето на здрава исхрана ќе помогне за нивно надополнување.

Здрава и разновидна исхрана вообичаено ги обезбедува сите витамини и минерали што ѝ се потребни на мајката за време на доењето.

Сепак, понекогаш е тешко да се внесе доволна количина на витамин Д, особено во зимските месеци, така што би требало да им се советува на сите доилки да земат дневен додаток од 10 микрограми витамин Д во вид на суплементи.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…