На доилките им е потребен витамин Д, особено во зимските месеци

Објавено на: Nov 13, 2016 од Мама Ане

Ако исхраната за време на бременоста и доењето не е соодветна, мајката ќе ги троши сопствените резерви на нутриенти, а со тоа тие ќе се намалат во нејзиниот организам.

Мајките кои ексклузивно дојат 3-4 месеци имаат просечна дополнителна потреба од околу 500 ккал дневно. Дополнителните потреби од други нутриенти, особено од калциум и витамин Д, може да се задоволат со здрава и балансирана исхрана.

Здрава и разновидна исхрана вообичаено ги обезбедува сите витамини и минерали што ѝ се потребни на мајката за време на доењето. Сепак, понекогаш е тешко да се внесе доволна количина на витамин Д, особено во зимските месеци, така што би требало да им се советува на сите доилки да земат дневен додаток од 10 микрограми витамин Д во вид на суплементи.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…