Најчести и често бесмислени родителски изјави

Понекогаш родителите забораваат дека малите деца немаат способност да го разберат фигуративното значење на нивните изјави.

Многу често, децата буквално го сфаќаат тоа што им го велите, па поради тоа многу од родителските изјави во детскиот мозок не наоѓаат некоја посебна смисла.

Замислете само колку бесмислени би биле следниве изјави ако се обидетете да ги сфатите во нивната буквална смисла:

– познавам дете кое со мокра коса излезе надвор и ја загуби главата
– парите не растат на дрво
– тоа е така затоа што јас така велам
– немој да плачеш да не ти дадам причина за плачење
– затвори ја вратата, не го загреваме и дворот
– немој да ме тераш да дојдам таму
– прегризај си го јазикот

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk