Најголема грешка на родителите е да го споредуваат своето дете со другите

Објавено на: Jan 01, 2017 од Мама Ане

Мајката е на услуга на своето новороденче 24 часа, без пауза за ручек, одмор во недела или празници. Но наградата е безвременска, да се има здраво и задоволно дете.

Мајчинството е прекрасно чувство, но пред секоја жена поставува нови задачи и предизвици. Детето не е кукла, туку живо суштество со свои потреби.

Недостатокот на сон, поврзаноста со домот, посебниот режим на исхрана, болните брадавици и уште многу посебни моменти се само дел од спектарот на можните проблеми на идната мајка.

Со доаѓањето на новиот член во семејството животот се менува на сите останати членови. Несигурност, неизвесност и постојани средби со нови искуства за кои не постои училиште ниту подготовка.

Во денешно време на интернетот, младите генерации мајки се повеќе се обраќаат за совет и споделено искуство во дигитална форма.

Но, без доза на сопствено искуство не е лесно да се оцени чиј совет треба да се послуша. Она што треба секоја мајка да го слуша е всушност сопствениот инстинкт кој ќе и помогне во целост да ги запознае потребите на нејзиното дете и секако советот на лекарите.
Секое дете е индивидуа за себе.

Што одговара за едно дете не мора да значи дека му одговара и на другото дете. Што е добро за едно, не мора да значи дека е добро и за другото дете.

Затоа не смееме да ги пресликуваме и споредуваме нивните килограми, сантиметри, однесување, начин на спиење и јадење.

Ниту родителите не се исти помеѓу себе, зошто тогаш би биле идентични децата?

Секој совет е добредојден, но мора да се процени од каде доаѓа и дали е во склад со потребите на детето.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…