Најголемиот извор на витамин Ц-домашна цитронада

Наместо класичниот напиток лимонада, пробајте да го подготвите овој превкусен, освежителен напиток од цитрони и мед. Додека уживате во неговиот вкус на вашиот организам ќе му овозможите интензивен внес на витамини и минерали, особено на витаминот Ц.
Потребни состојки:
– еден црвен цитрон
– една чаша вода
– една лажичка мелен ѓумбир
– две лажички мед

Начин на подготовка:

Цитронот исцедете го рачно или во цедалка. Добиениот сок прелијте го со вода, а во водата промешајте една лажичка ѓумбир и две лажички мед.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk