Најизразен симптом на ендометриозата е болката

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Ане

Стручњаците не знаат што точно ја предизвикува ендометриозата кај жените, но сигурно е дека естрогенот во голема мера придонесува за развој на ова заболување.

Најизразен симптом на ендометриозата е болката.

Местото на болката зависи од тоа на која страна на матката постојат ендометриозни ткива. Може да се случи болката да се појави во долниот дел од стомакот, во пределот на вагината и ректумот или пак во долниот дел од грбот.

Болката во случај на ендометриоза може да биде константна или пак кај некои жени таа се јавува во текот на менструалниот циклус или неколку дена пред да започне менструалното крварење.

Во медицината се забележани случаи каде болката се јавува и во текот на празнење на цревата и во текот на овулацијата.

Неплодноста понекогаш е  симпом кој што го имаат жените со ендометриоза.

Многу жени кои имаат проблем со ова заболување имаат проблем во одржување на бременоста. Дури во 30% од случаите на неплодност кај жената се забележува постоење на ендометриоза како причинител на таа состојба.

 

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…