Најплодна почва за развој на бактерии во домаќинството се токму сунѓерите

Неодамнешните истражувања насочени кон бакетериолошката експонираност на предметите во домот, ги утврдиле првите три места во домот кои се најплодна почва за размножување на бактерии и габички.
Првото место им припаѓа, верувале или не, на сунѓерот за туширање и сунѓерчето за садови. Според докторката Џесика Вајзер, сунѓерите се совршено место за размножување на бактерии. Таа нагласува дека е во ред да се користат сунѓери за туширање, но доколку се направени од природни влакна кои содржат ензими кои пак го спречуваат размножувањето на бактериите. Многу е важно, сунѓерчето за садови и оној за туширање да се менуваат често, најдолго да се користат околу две недели односно месец дена, доколку правилно се чуваат. Правилното одржување подразбира после користењето тие добро да се исперат и да се исцедат а потоа да се остават на суво и темно место.

На второ место се прочистувачите ( освежувачите) на воздухот. Многумина од нас имаат навистина позитивни придобивки од нивната употреба, но ако не се чистат правилно и редововно тие можат да бидат вистински извор на патогени бактерии. Ако го користите освежувачот во текот на ноќта, утрото немојте само да го исклучите, бидејќи преостатата вода во садот преставува идеална средина за размножување на бактерии.

Истурете ја водата што ќе остане и исушете го уредот. Препорачливо е , овој вид на уреди да се исчистат темелно барем два пати во неделата.

На трето место, како најповолна почва за развој на габи и бактерии во кујната се наоѓа блендерот. Секако дека го измивате блендерот после секоја употреба, но многумина забораваат на тенката гумичка од страна на садот за блендирање. Спред докторката Џесика Вајзер, тој дел од блендерот може да биде извор на салмонела, ешерихија коли и габички.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk