Напиток од нане и малини кој ја намалува телесната тежина

Вкусен нискокалоричен напиток кој помага во намалување на телесната тежина.

Подготовката е лесна, а истовремено ветува одлична комбинација на мирисот на малините и нането.

Потребни состојки:
  • 2 литри вода
  • 2 супени лажици малини, свежи или замрзнати
  • 2 супени лажици ливчиња од нане
  • 1 лимета
Начин на подготовка:

Ставете ги малините во водата. Иситнете ги ливчињата нане, па потоа додајте ги и нив во смесата. На крај, исечкајте ја лиметата на кругови, па додајте ја врз останатите состојки.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk