Направете сами млеко за чистење на лицето од пченкарно брашно

Овозможете си длабинско чистење на порите на вашата кожа со помош на овој домашно подготвен производ од исклучиво здрави и природни состојки.

 

Потребни состојки:

– 4 лажици пченкарно брашно

– 3 дл млеко

– 1 лажица масло oд пченка

– 2 – 3 капки есенцијално масло од роза

Подготовката е многу едноставна.

Пченкарно брашно се меша во млеко и се загрева над  пареата на топлата вода 20 – 30 минути. Млекото не треба да се прегрее. Откако ќе отстои  неколку часа,  млекото се процедува , се  додава пченкарно масло масло од роза .Млекото за чистење на лицето се чува во фрижидер и се користи  во рок од седум дена.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk