Научете ги децата да бидат вредни

Родителите прават грешка во воспитувањето на децата така што својот живот и потреби ги ставаат во втор план, за децата да ги направат среќни.

Писателката Џенифер Спенсер тврди дека среќата е недостижна цел, па во тој правец родителите треба да размислуваат и да не се оптоваруваат во име на таа цел.

-Без разлика на тоа што нормите во родителството се промениле, секој родител ќе каже дека најважно му е детето да биде среќно. Иако среќата е одлична цел за детето таа е недостижна. Среќата ќе дојде како резултат на други работи, но не е добра цел. Најдобро што можете да направите за децата е да ги научите да бидат вредни, продуктивни и морални, а среќата ќе биде последица на тоа – вели Спенсер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk