Научете ги децата никогаш да не се откажуваат од својата цел

Психолот Лаура Шулц, во своето неодамнешно истражување тврди дека децата веќе на возраст од две години можат да бидат поистрајни во остварувањето на своите цели, доколку веќе имале прилика да ги набљудуваат возрасните од нивната околина како напорно се борат за да ја завршат успешно својата задача.

„Јасното покажување на децата уште од најмалата возраст дека упорноста во работата секогаш успева може да ги охрабри и тие да тргнат по истиот пат“- вели авторката на студијата.

Бебињата кои учествувале во истражувањето едноставно го имитирале она што го правеле возрасните. Сите тие биле соочени со различни предизвици но брзо покажале дека веќе ја усвоиле главната лекција за истрајноста во исполнувањето на задачата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk