Низ игра научете го детето да брои

Објавено на: May 11, 2016 од Мама Ане

Учењето на математиката може да биде многу забавно, особено доколку се послужите со малку креативност во играта.

Подготовката на децата од предучилишна возраст е важна задача за секој родител. Всушност, подготовката се случува постојано, низ игра во подолг временски период.

Еден од полесните начини да учите математика и броење со вашето дете е низ игра со помош на тестенини. Земете една кесичка макарони и поттикнете го детето да ги ниже на конец или тенка жица, при тоа броејќи гласно. Откако ќе ги нанижете броејќи нанапред, почнете да ги симнувате макароните од жичката една по една, поттикнувајќи го детето да брои овој пат наназад.

На празна картонска кутија од јајца запишете број во внатрешната страна на секоја вдлабнатина каде што би стоело јајцето. Потоа побарајте од детето да стави толку зрна грав колку што пишува во вдлабнатината.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…