Научниците велат: Со редовен секс до подобро здравје

Ако сакате да го зајакнете имунитетот, да ги намалите масните наслаги околу стомакот и да го ублажите стресот научниците велат дека е добро да се упатите  кон теретаната, фитнес салата или пак би можеле да си легнете во кревет заедно со својот партнер и да уживате во долгите сексуални игри.
Медицината докажала дека сексот позитивно влијае на психичкото, физичкото и емотивното здравје на луѓето бидејќи за време на сексуалниот чин во телото се ослободува ендорфин кој го намалува нивото на стрес и анксиозност и влијае на зајакнување на имунолошкиот систем.

– Иако сексот не може да направи да имате совршени стомачни мускули сепак во текот на сексуалниот чин можете да изгубите од 85 до 200 калории

– Активностите за време на сексот го зголемуваат нивото на тестостерон што влијае врз зајакнување на мускулите и коските, подигување на нивото на енергијата и расположението

– Практикувањето на редовен секс кај мажите го намалува ризикот за појава на рак на простата за 40%

– Ризикот да добиете срцев удар се намалува за 50% доколку имате секс три пати во неделата

– За време на сексуалниот чин, освен ендорфин се лачат и окситоцин и серотонин, хормони кои можат да ви помогнат во случај на главоболка или болки во коските и мускулите.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk