Не давајте им на децата хемии за подобар имунитет

Од почетокот на учебната година и „екипирањето“ на градинките, постојано расте бројот на оние кои се жалат на болно грло, растечен нос и кашлање. Драстичните температурни разлики од 5 степени наутро до 30 напладне, според лекарите, најлошо влијаат кај децата. Од статистиката на Институтот за јавно здравје, од 10 000 случаи со инфекции на горни и долни респираторни патишта, 3300 се дечиња до 6 годишна возраст.

КАКО ДА СЕ ПОБЕДАТ ВИРУСИТЕ

Педијатрите советуваат дека родителите не треба да ги претрупуваат децата со хемии давајќи им разни препарати за имунитет. Разновидната а не еднолична исхрана според детските лекари е неопходна во трката со вирусите и настинките. Лекарските совети велат дека ако наутро му дадетет на детето 3-4 сирупи или препарати, немате гаранција дека детето нема да се разболи бидејќи тие се дружат едни со други и настинката се шири. Советуваат, вирозните деца најдобро да останат дома 2-3 дена.

ДА СЕ ВНИМАВА НА ЛИЧНА ХИГИЕНА

Личната хигиена, честото миење на рацете и проветрување на просториите се дел од превентивните мерки во сезоната на вируси и настинки.

 

НЕ ДАВАЈТЕ АНТИБИОТИЦИ ПРОТИВ ВИРУСИ

Најважно за родителите е да знаат дека вирусните инфекции треба да се се
лекуваат само симптоматски, а не да се даваат антибиотици. Во најголем број на случаи
имаат поволен тек при што организмот со своите одбрамбени сили успешно ја совладува
вирусната инфекција. Важно е, поучени од својот педијатар, да знаат како да му ги
олеснат симптомите на своето дете. Симптоматски значи при покачена температура
(повеќе од 38,50 Ц) да се дава антипиретик од парацетамолски тип, да се обезбеди
доволен внес на течности во облик на сокови, чаеви или специјално приготвени раствори
за орална рехидрација. Се препорачува и наголемен внес на витамин Ц преку внес на
свежо овоштие и зеленчук. Температурата најдобро се намалува преку туширање,
капење во млака вода или масажа со медицински алкохол. При тоа треба да се внимава
да водата во која се тушира т.е. бања детето биде пријатно темперирана да не дојде до
нагло разладување на телото, при што детето може да се шокира. При екстремно високи
темпратури најдобро е телото на детето да се обвитка во чаршави натопени си млака
вода или алкохол и истите да се менуваат штом ќе се исушат од топлината на телото.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ВИРУСИТЕ

На прашањето како да се заштитиме од вирусните инфекции, одговорот е да се
консумира поголемо количество на витамин Ц по природен пат, прошетки на свеж воздух
и избегнување на места каде што има собирање на повеќе луѓе. За превенција од грип се
препорачува вакцинирање на децата кои страдаат од хронични заболувања, како би се
заштитиле од компликациите.

СО ХРАНА ПОБЕДЕТЕ ГИ ВИРУСИТЕ

Постојат продукти кои навистина многу му помагаат на имуниот систем да се бори полесно со нападите на вирусите и бактериите.
Лук – содржи едно од најсилните соединенија, наречено алицин кој има антибактериско и антимикотично дејство и неговата ефикасност ги надминува дури и некои од фармацефтските производи.
Моркови – неверојатно богати со бета-каротин, што има својство да го стимулира производството на Н-клетките убици и Т-лимфоцитите. Овие клетки се борат со штетните микроорганизми, кои предизвикуваат инфекции и болести.
Кисело млеко – содржи живи бактерии кои се неопходни во борбата со патогените микроорганизми. Ацидофилните бактерии создаваат млечна киселина, го подобруваат варењето на храната и го активираат процесот на разградување на големите соединенија до попрости.
Без нив организмот тешко би се справил со апсорбцијата на многу хранливи материи, што би се одразило и на имуниот систем.

ШТО МОЖЕ ДА ГО ОСЛАБИ ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ

Улогата на имунолошкиот систем е да го заштити организмот од патогени бактерии и вируси. Повеќето бактерии која го напаѓаат организмот може да предизвикаат инфекција, но, доколку имаме јак имунитет, тој ќе се одбрани од ваквите напади. Има многу причини поради кои имунолошкиот систем слабее, а една од нив е и лошата исхрана.

На пример, внесувањето на прекумерни количини храна богата со шеќер е штетно за организмот затоа што шеќерот ја намалува способноста на белите крвни клетки да се борат против патогените организми. Дехидратацијата исто така негативно влијае, затоа што недостатокот од течности предизвикува грчеви во мускулите и вртоглавици. И сонот е од суштинско значење бидејќи во текот на спиењето, имунолошкиот систем се регенерира и ако не го добиеме потребниот сон, тој потешко ќе се бори со болеста.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk