Не го покривајте детето кое има висока температура

Кога младите родители ќе се соочат со високата температура на своето дете често слушајќи ги советите од повозрасните ја следат праксата детето добро да се затопли и да се препоти.

Но тоа е една од најчестите грешки бидејќи препотувањето не е добро кога веќе постои зголемување на телесната температура, особено доколку не е даден лек кој би делувал во насока на нејзино намалување.

Претераното загревање на детето кое има зголемена телесна температура може дополнително да ја зголеми температурата. Наспроти тоа, се советува детето да биде облечено во лесна и тенка облека или доколку временските услови дозволуваат да биде голо и често да се тушира со млака вода или да се премива со крпа натопена во мешавина од вода и алкохол во сооднос 3-1.

Покривањето на детето со мокар чаршаф или пешкир е исто така лоша идеа. Тоа би можело да предизвика грозница и долгорочно да ја зголеми внатрешната температура.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk