Не им го планирајте времето за играње на децата

Играта е од непроценливо значење за развојот на децата. Но ако нешто е поважно од играта тоа е слободната, неорганизирана игра им помага на децата да развијат широка лепеза на способности потребни за на училиште и надвор од него, од склучување на пријателства и преговарања, до решавање на проблеми, креативно мислење и вежбање на самоконтрола.

Затоа, родителите да им обезбедат доволно време за таква игра. Слободната игра или неорганизираното време за играње е најдобар облик на самообразование и откривање на нови нешта кои децата можат да ги имаат.

Тоа им пружа сигурна околина за испробување на нови животни вештини и начини на постоење.

Со отворено истражување и испробување на игрите, децата стануваат свесни дека преземањето акција е она што е потребно во животот за да дојдат до нешто што им е потребно и што го сакаат. Со тоа, знаењето и желбата нешто да направат и храброста тоа и да го направат се зголемува.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk