Не ја занемарувајте важноста на интимните моменти во бракот

Мора да признаеме дека заедничкиот живот не секогаш е мед и млеко. И додека повеќето од нас размислуваат за тоа што треба да направиме за да имаме среќен и здрав однос со партнерот, всушност забораваме на тоа што не би требало да го правиме.

Среќниот однос во бракот опстојува доколку:

– Не се форсира еднаквоста по секоја цена

Не мислиме на еднаквоста на половите туку на животните ситуации кои изгледаат толку безначително но во суштина се многу важни. На пример, ако вие сте го направиле ручекот тој мора да ги измие садовите. Убаво е да постои еднаквост но не и доколку таа се форсира и создава тензија и незадоволство во врската.

– Не постои игнорирање помеѓу партнерите

И самите знаете дека понекогаш и најмалите ситници можат да бидат показател на огромната љубов. Не ги игнорирајте тие мали нешта или мали сигнали кои што ви ги испраќа партнерот. Ако морате да одберете помеѓу планината од валкани садови и сопругот кој што со пуканки во рака ве вика да гледате заедно телевизија- одберете го него.

– Се избегнуваат честите критикувања

Честите критикувања можат најлесно да ја донесат врската до прагот на кризата. Не зборуваме за воочување на секојдневните ситни грешки кои можат да се сведат на нервозна реакција после напорниот ден туку за потешки критики и обвинувања на сметка на едниот партнер.

– Не се занемарува важноста на интимните моменти

Живеејќи со забрзано темпо тешко е да одвоиме време и да организираме убава интимна атмосфера, особено ако се тука и децата. Сепак, знаејќи дека занемарувањето на сексуалниот аспект од бракот може негативно да влијае врз врската многу е важно да одвоиме барем малку време за интимните моменти, онака без дополнителни филозофии и договарања. Редовноста во водењето љубов е нешто што значително ја зајакнува врската и ја продлабочува интимата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk