Недостатокот на сон влијае негативно врз детското здравје

Педијатарот Карен Бонук, раководител на истражувањето спроведено во рамките на Ајнштајновиот медицински фактултет во Њујорк докажала дека сонот во извесна мерка влијае врз телесната тежина кај децата, појава на апнеа и депресивно расположение.
Со внимателно следење на повеќе од 2000 деца, во периодот од нивната петта до петнаесетта година, ова американско истражување докажало дека децата кои што спијат помалку од седум часа во текот на ноќта, се соочуваат со поголем ризик за појава на проблем со дишењето во сон ( во некои случаи можна е појава на ноќна апнеа ) и имаат дури за два пати повисок ризик да станат гојазни во однос на врсниците кои спијат доволен број часови.

Имено, децата кои во периодот од петтата до шестата година спиеле помалку од 6 часа во текот на ноќта имаат неверојатно високи шанси ( повеќе од 60%)  да станат гојазни до нивната осумнаесетта година.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk