Нега на усни во зима

Мед и глицерин ќе ги заштитат усните од ладо време, сушење и зимското сонце. Усните може да распукаат и ако на организмот му недостасуваат течности.
Сувата, чуствителна кожа на усните во ладни и ветровити денови може да распука и да стане црвена, а хидратантната крема нема доволно да ги заштити, заради што е потребно да се нанесуваат производи наменети за нега на усни, а ќе помогне и вазелин.
Доколку сакате да подготвите средство за нега на усни, измешајте глицерин со малку мед. Недостиг на витамини и минерали во исхраната исто така може да предизвика распукани усни, па затоа внесувајте банани, моркови и спанаќ.
Проверете ја пастат за заби – усните може да распукаат и заради алергија и чувствителност на состојките во пастите за заби и течностите за испирање на устата. Кај лекар проверете за што станува збор или сменете ја пастата за заби.
Пробајте цинкова паста – Некои луѓе испуштаат лиги во сон, што може да ги исуши усните. Ако е тоа проблем, можете секоја вечер пред спиење да ги намачкате усните со средство што содржи цинков оксид и така да ги заштитите.
Заштитете се од инфекција – Кај распуканите усни постои опасност од појава на инфекции. За да го спречите тоа, нанесете на усните антибиотска маст, но и советувајте се со лекар.
Доколку немате ништо друго при рака, ставете прст од страна на носот и потоа со него протријте го делот околу усните. Така усните ќе добијат маснотија што им одговара, е совет на д-р. Џозеф Барк.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk