Никотинот во телото на доилката штетно влијае врз здравјето на бебето

Пушењето е лоша навика која за жал многу жени ја задржуваат дури и во текот на бременоста и доењето.

Според истражувањата, внесувањето на поголема количина на никотин во телото на доилката може да придонесе за намалување на количината на мајчиното млеко.

Кај децата кои се доени од мајки пушачи се зголемува ризикот за појава на слабост и повраќање, стомачни болки и пролив.

Ако се одлучите да престанете со пушењето за време на доењето тогаш обидете се со употреба на никотински фластери но не и на никотински мастики кои сепак имаат високо ниво на никотин.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk