Нова надеж за брачните парови кои не можат да имаат деца со програмата “Снегулка”

Во процесот на вештачкото оплодување, докторите оплодуваат повеќе јајце клетки. Кога ќе се развијат ембрионите, само два или три најдобри примероци се всадуваат во матката на мајката.

Останатите ембриони можат да се замрзнат и да им бидат на располагање на родителите доколку повторно посакаат да имаат дете.

На тој начин тие нема да имаат потреба да поминуваат низ истите процедури што веќе ги поминале во текот на вештачкото оплодување.

Некои брачни парови чии што ембриони се замрзнати по истекот на неколку години сепак одлучуваат дека не сакаат да имаат повеќе деца. Наместо тие ембриони да се уништат, според програмата “Снегулка” постои можност тие да бидат усвоени од брачни парови кај кои и вештачкото оплодување носи мала шанса за успех во добивањето на потомство.

Програмата “Снегулка” постои од 1997 година во Англија и САД и досега преку оваа програма на посвојување на ембриони се родени околу 360 бебиња.

Сепак, оваа метода на посвојување сеуште не е популарна поради нејзините два недостатоци.

Имено, што подолг временски период ембрионот е замрзнат толку се помали шансите бременоста да успее, и секако, многу малку брачни парови се одлучуваат при вештачко оплодување детето да не ја носи нивната днк.

И покрај тоа, програмата за усвојување на ембриони останува зрно надеж за многу брачни парови во борбата за потомство.

Инаку, првото бебе од замрзнат ембрион е родено во 1984година.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk