Новите Дедо Мразовци го рушат митот за добар дедо кој ги сака сите деца

Пуши цигара, ја трга брадата и пие пиво, има извалкан костим, на сила ги зема децата за да се фотографираат со него…
Дали сте имале вакво искуство со Дедо Мразовците кои кружат на плоштад?

Сакајќи да направите радосен момент за вашето дете, се ставате во ситуација да морате да давате одговори на детските прашања кои се збунети од неугледниот Дедо Мраз кој го има во приказните. Освен тоа, морате да објасните кој од десетмината кои кружат е „вистинскиот“!

Дедо Мраз одамна е бизнис кој цвета, но желбата за да се заработат повеќе пари ја уништува сликата за омилениот лик. Оние што одлучиле да стават бела брада и црвена капа, заборавиле дека со деца не смеат да импровизираат! Мораат да бидат добри психолози, да знаат да комуницираат со децата, да направат конверзација соодветна за возраста, да направат да исчезне стравот, да ги натераат децата да веруваат во магијата во која сите сакаат да трае. Дедо Мраз мора да биде сериозен во својот изглед. Да се потруди барем приближно да личи на оној од приказните.
На крај, не заборавајте, децата веруваат во Дедо Мраз зашто сакаат да веруваат во таа волшебна магија! Не расипувајте им ја!

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk