Новороденчињата уживаат во свежиот воздух

Ако подобро размислиме, првото излегување надвор, на свеж воздух се случило само неколку дена по раѓањето на бебето-кога од родилиштето сте се враќале дома.

Зошто тогаш да го чекате летото или доцната пролет за да му овозможите на вашето новороденче неколку минути свеж воздух?

Многу педијатри сметаат дека уште од првите денови од животот новороденчињата треба да се навикнуваат на свежиот воздух. Тие не се пречувствителни на тоа-се додека се соодветно затоплени и зашититени од провев.

Сепак не одете на прошетка со вашето новороденче само доколку е исклучително ладно, магловито или пак премногу спарно и топло.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk