Одбранете се од настинките со помош на овој природен еликсир

Зајакнување на имунолошкиот систем е првиот чекор во спречувањето на грипот или настинката. 

Ви предлагаме да го подготвите овој моќен напиток кој уште во древни времиња го подготвувале старите Руси , еликсир за имунитет со кој успешно и се спротивставувале на ладната руска зима.

Потребни состојки:

– 2 кафени лажици ситно исецкан лук
– 3 супени лажици маслиново масло
– 5 супени лажици природен ливадски мед
– 50 мл високо концентриран зелен чај
– половина кафена лажица бибер
– 1/4 од кафена лажичка природна смола
– 1 супена лажица јаболков оцет

Начин на подготовка:

Пропржете го лукот на маслиновото масло околу една минута. Потоа, додадете ги останатите состојки и оставете го садот на тивок оган околу пет минути. Тргнете го садот од шпоретот и оставете ја смесата да се олади. Откако ќе биде целосно оладена, префрлете ја во стаклена тегла и затворете. Еликсирот чувајте го во фрижидер. Само една кафена лажичка дневно успешно ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk