Одлучив да го вакцинирам моето дете, интервју со Ивана Мангароска, водетелка во АЛФА ТВ

Убавата водителка Ивана Мангаросна која „порасна“ во телевизија, од пред една година стана мајка. Нејзиниот син Олег се роди на христијанскиот празник Голема Богородица и оттогаш, како што вели Ивана, стана центар на нејзиниот свет. Во интервју за Мама365 открива детали од мајчинството.

Мама365: После една година мајчинство, која е првата емоција која ја има Вашиот лик кога ќе го слушнете името Олег?

И.М. Иако неможе потполно со зборови да се опише таа емоција сепак ќе речам…тоа е насмевката,блажено чувтсво кое веднаш се отсликува на мојот лик, незаменливо и единствено. Интересно,а истовремено и чудно е што не можеш да си замислиш, а ниту да си го претпоставиш тоа чувство се до моментот кога ќе станеш мајка…а потоа знаеш дека ќе биде така секогаш.

 

Мама365: Непроспиени ноќи, умор, немање време за себе. Која е најголемата жртва што ја направивте откако се роди Олег?

И.М. Па, токму тоа. Претходно кога мои пријателки веќе родители ми велеа ,,подготви се ќе ти се промени животот“ неакако не ја разбирав таа реченица во целост иако длабоко во себе се чувствував веќе подготвена за таа промена. Кога се роди Олег денот стана ноќ, ноќта стана ден, јас го запознавав него, тој мене, иако напорно сепак уживав во тој природен процес ,божји дар, кој го почувствувала несомнено секоја мајка, а тоа е она што ти ја дава силата да го издржиш сето тоа.

 

Мама365: Се претвори ли Ивана во домаќинка? Готви ли за Олег? Кој е омилениот специјалитет што го готвите за синот?

И.М. Да,на Олег му готвам секојдневно и практикувам тоа да биде разновидна храна богата со витамини и минерали, впрочем сето она што му треба на едно дете во раст и развој. Омилен специјалитет не можам да издвојам, но можам да го споменам секојдневното мени, а тоа се житариците со овошје за појадок, потоа разновиден зеленчук со мевце за ручек, и млечна кашичка за вечера. Најзадоволна сум кога на крајот ќе видам празна чинија.

 

Мама365: Градинка или баба? Кој е ставот на мама Ивана за грижа околу Олег?

И.М. Моментално Олег го чуваат моите и родителите на мојот сопруг, се менуаваат, за да не биде напорно и за нив. Одлучивме заеедно со сопругот тоа да биде така, се додека не наполни две години, а потоа се разбира Олег ќе почне во градинка која исто сметам дека е важна во растењето на детето од повеќе аспекти ( социјализација, стекнување одредени навики, приспособување..)

 

Мама365: Вечната тема на социјалните мрежи-за или против вакцини?

И.М. Да, ги следам темите на социјалните мрежи кои се однесуваат токму на вакцините, иако не навлегувам многу, тоа ме заморува. Јас одлучив да го вакцинирам моето дете и досега ги има примено вакцините соодветни за возраста. Така и ќе продолжам.

 

Мама365: Зошто Олег би требало да се гордее што токму Вие сте му мајка?

И.М. Искрено се надевам и вистински се трудам да ги задоволам потребите на едно мало човече кое бара многу внимание,постојано анимирање,учење,воспитување..а преку сето тоа добивање на вистинската неизмерна мајчинска љубов. Кога на крајот од денот ќе видам задоволни очиња, а потоа и мирен сон, горда сум и благодарна што тоа е така, а иако е мал сепак знам дека чувството е обострано.

 

Мама365: Брачната заедница е за двајца. Колку и како се поделени домашните обврски дома?

И.М. Во околности кога обврските во денот немаат крај и сакаш тој да трае што е можно подолго, а ти да имаш сила тоа да го издржиш секако, организацијата е многу важна и тоа е она што со сопругот добро го правиме. Обврските се поделени во зависнот од работните часови, пазарење, чистење…сето тоа кога е координирано оди полесно.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk