Одредување на степенот на чистина на вагиналниот секрет

Објавено на: Sep 07, 2016 од Мама Ане

При пап тестот со помош на долго стерилно стапче на чиј крај е замотана вата се зема мал дел од вагиналниот секрет,, обично од задниот вагинален свод.  кој понатаму подлежи на микробиолошки испитувања.

При тоа, медицински, се одредува степенот на чистота на вагиналниот секрет.

Прв случај:

Во секретот постојат малку леукоцити но не и бактерии ( овој резултат е чест кај девојчињата кои сеуште не започнале со сексуални односи )

Втор случај:

Во секретот постои малку слуз и леукоцити со нешто поизразен степен на присутност на микроорганизми домаќини во телото. ( резултат кој се смета за нормална вагинална флора )

Трет случај:

Постоење на бактериски наод (  Streptokok, stafilokok  и  gadnela vaginalis )

При што постои обилен белкасто-жолт вагинален секрет со непријатен мирис на риба, киселоста е намалена ( доколку PH  е помала од  4,5 се работи за бактериски вагинитис ), постојат епителни клетки на вагиналната слузница ( повеќе од 20%)

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…