Одржувајќи ја кожата чиста го заштитувате папочето кај бебињата од инфекција  

Објавено на: Mar 28, 2016 од Мама Ане

Негата на папокот и кожата општо се тесно поврзани бидејќи инфекциите на папокот често доаѓаат од кожата и обратно.

Кожата околу папочето на бебето секогаш одржувајте ја сува и чиста. Влажната кожа е идеално место за развој на микроорганизми.

Во некои случаи за нега на папочето се препорачува негово премачкување со медицински алкохол или антисептички три постотен хидроген.

Се додека не отпадне папочето, можете да го заштитите со стерилна газа која пожелно е да ја менувате на секое пресоблекување.
Ако папочето на бебето е влажно исушете го со нежно тапкање со памучна такенина.
Доколку кожата околу папочето стане црвена, покажува знаци на иритација или од таа регија се шири непријатен мирис задолжително јавете се на лекар.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…