Одржувајте ја кожата здрава и негувана дури и во ладните зимски денови

Редовно хидрирајте го вашиот организам, на тој начин што освем внесувањето на доволна количина вода, редовно ќе конзумирате и зелен чај кој е многу силен антиоксиданс. Во текот на ладните денови избегнувајте да пиете ладна вода, внимавајте таа да е секогаш на собна температура.
Јадете многу свежа и сирова храна, како и храна која што е богата со омега 3 масни киселини, како што е лененото семе, чија семето, риба како и храна богата со антиоксиданси како што се куркумата, бобинките и јаткастите плодови.

Направете ревитализирачка купка со хималајска сол. Во не многу топла вода ставете малку од хималајската сол – тоа ќе ја оменке важата кожа.

Користете природни средства за хидратација на кожата како што е кокосовото масло, арганово масло, маслото од семки од кајсија и други органски ладно цедени масла кои можат да ве заштитат од дополнително внесување на токсични состојки.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk