Ориганото ја лекува настинката

Објавено на: Jan 02, 2017 од Мама Ане

Многу истражувања се во служба на неверојатното антиоксидативно дејство на ориганото.

Имено, научниците докажале дека органото има три пати поголемо антиоксидативно дејство од сите други намирници кои човекот ги користи во исхраната.

Чајот од оригано регулира бројни здравствени тегоби предизвикани од пад на имунитетот и нарушувања на цревната флора.

 Доколку сакате сами да подготвите напиток кој ќе ви помогне во борбата против вирусите и настинките во двестотини милилитри врела вода ставете едно до две издробени ливчиња од суво оригано и оставете да отстои пет минути. Потоа процедете и засладете со лажичка мед.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…