Отсуство на овулација – причина за неплодност кај жената

Ановулација означува неможност кај жената во текот на циклусот да настане овулација, односно да се ослободи јајце клетка која подоцна би била оплодена, особено по изминување на три последователни месеци,односно циклуси.

Таа се наведува како еден важен фатор кој предизвикува неможност за забременување.

Најчесто се јавува кај младите девојки кои влегуваат во пубертет како и кај жените во менопауза но не е исклучена и кај останатите.

Ановулацијата може да биде од привремен карактер или постојана.

За постојана станува збор кога кај жената отсуствува присуство на јајници, кога постојат психички пореметувања или други неуро-хипофизни фактори. Тогаш телото не се ни обидува да овулира, што значи дека менструацијата е трајно отсутна.

Повремениот недостиг на овулација е производ на недостаток на лачење на хормонот прогестерон,односно кога организмот не го создава жолтото тело. Тоа предизвикува кај жената да се појават пореметувања во менструалниот циклус кој се именува како ановуларен циклус.

Лечењето на оваа состојба се состои од стимулирање на телото на жената да предизвика овулација. Тоа стумулирање се врши со стимулирање на хормоните на хипофизата (FSH, LH), кои би предизвикале овулација во текот на менструалниот циклус и можно забременување.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk