Овозможете му на детето богато детство со малку пари

Објавено на: Mar 07, 2015 од Мама Кате

Повеќето родители се уверени дека потфрлуваат во својата родителска улога со тоа што не можат на детето да му ги обезбедат скапите играчки, скапата облека или патувањата. Тоа секако не е точно. Иако играчките и патувањата се пожелни и би биле многу забавни за детето, неговата среќа може да се предизвика со нешта кои чинат многу помалку или се бесплатни. Убавината на животот е во контактот со другите луѓе.

Најубавите спомени запечатени во меморијата на еден човек се поврзани со доживувања во нечие друштво, а не со предмети. Оттука, правилниот психички и духовен развој на едно дете не се постигнува со подароци, туку со правилен контакт со него. Тој е бесплатен, а е многу поважен од сите тие предмети кои се купуваат со пари.
Секако, неопходно е да се има доволно за да се задоволат најосновните потреби на децата како храна, облека и образование, но според психологот Кети Сиферт, постојат други работи кои секој родител треба да ги примени со цел да го збогати детството на своето дете.

Овозможете му на детето да си игра – Повеќето родители или се многу рестриктивни кога станува збор за времето за играње или пак го оставаат детето пред компјутер да прави што сака. Скапите играчки не се неопходни за среќно детство. Детската фантазија може да биде толку раскошна што тоа може да си игра со што и да најде во домот. Исто така, детето ќе има прекрасни спомени од дружењето со врсниците, што секако нема да го постигне со играње на компјутер или ако порано го повикате дома затоа што „веќе предолго било надвор“.

Запознајте го детето со опкружувањето – Покажете му различни растенија, однесете го во зоолошка да ги запознае животните, нека ги види различните форми на градбите околу него, однесете го во парк, во музеј, на спортски натпревар… Со тоа ќе ја запознае околината.

Читајте му – 15-20 минути читање пред спиење е забава која ќе му ги подобри речникот и фантазијата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…