Ознаките на креми за лице имаат свое значење

Кога се во прашање креми за лице кои претставуваат замена за пудрите, револуцијата продложува и козметичките компании почнуваат да излегуваат на пазарот со сосема нови креми – по азбучен ред (поточно абецеден ред – CC, DD, EE), кои, според нив, решаваат многу поголеми проблеми кога е во прашање негата на кожа.

Појавата на АА кремите покрена револуција, а тие паднаа во заборав кога се појавија BB кремите, како вистинска замена за пудра, поточно во прашање е тонирана крема што има способност да ја урамнотежи бојата на лицето, а и да ја хидрира кожата.

Еве што всушност значат ознаките на кремите:

– BB креми – „Бјути балмс“ кремите станаа познати заради тоа што се посилни од тонираните креми, а за лие и кожа се полесни од пудрата на која сте навикнати. Обезбедуваат нега и ги прекриваат несовршеностите, но при купување обрнете внимание на изборот на нијанса – земете ја онаа што е посветла од вашиот природен тен.

– CC креми – „Колор коректинг“ кремите, жените ги користат да сокријат црвенило, подочници и други промени на кожата. Нудат УВ заштита. Од ББ кремите не се разликуваат по нешто посебно, па затоа е потребно да се пробаат двата производа и да се одлучи што повеќе ви одговара.

– DD креми – „Динамик ду ол“ кремите содржат магична формула што би требало да ги реши повеќето проблеми со кожата. Тие се комбинација од BB и CC креми. Ги намалуват порите, брчките и го изедначуваат тенот. Наменети се за нега на цело тело и не оставаат боја на облеката.

– EE креми – „Екстра ексфолиејтинг“ кремите се одлични за пилинг на кожа и, како што наведуваат производителите, отстранување на мртви клетки од кожата, при што ја прават помека и понежна. Се нанесуваат секое утро (сами или во комбинација со пудра), како би се прекриле недостастоците како што се лузни, акни, флеки од сонце и црвенило.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk