Палента за темелен пилинг на кожата лицето

Со помош на пилингот се отстрануваат старите клетки на кожата и истовремено се поттикнува регенерацијата на кожата. Редовните пилизни ја чистат кожата и ја прават да изгледа сјајно и свежо.
За таа цел може да си подготвите ефективен домашен пилинг од палента.

Пола лажица палента се меша со две лажици јогурт за да се добие густа каша. Лицето измијте го со млака вода и нанесете го пилингот на лицето и вратот.

Масирајте со кружни движења неколку минути.Потоа, оставете пилингот да дејствува уште десетина минути и измијте со млака вода.

На нормалната кожа и е потребно пилинг еднаш неделно, на мрсна кожа два пати неделно, а на сува и осетливна кожа доволен е пилинг еднаш во две недели.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk