Патувањето треба да биде интересно искуство за бебињата

Додека некои бебиња веднаш заспиваат штом започне возењето со автомобил, за другите родители патувањето со мало бебе може да биде вистински предизвик.

Пробајте да примените неколку трикови за да го задржите нивното позитивно внимание и да го олесните патувањето:

  • Доколку бебето не е навикнато на престој во детското автомобилско седиште седнувајте го во него неколку дена по малку пред да тргнете на патувањето
  • Одберете го времето на патување кое барем во дел ќе се поклопи со времето кога бебето обично спие
  • Понесете ја со вас омилената бебешка играчка
  • Пуштете ги омилените детски песнички во текот на патувањето
  • Понудете му на бебето глодалка или цуцла во периодот кога е будно
  • Правете чести паузи и овозможете му на бебето свеж воздух

 

Доколку бебето чувствува мачнина и добива нагон за повраќање за време на патувањето посоветувајте се со педијатар. Во текот на возењето не го вадете бебето од седиштето. Ако треба да го пресоблечете направете пауза од возењето. Нека сигурноста на бебето биде вашиот главен приоритет.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk