Пет најчести прашања поврзани со новороденчињата

1. Дали моето бебе добива доволно млеко во текот на доењето?

– Во најголем број случаи, доенчињата ја добиваат потребната количина на млеко во текот на доењето. Отпуштете се и дај те си време, особено во првите неколку недели откако станавте доилка. Игнорирајте ги притисоците од околината кои ви сугерираат на расплаканото бебе да му дадете шишенце со адаптирано млеко. Верувајте, не му е потребно.

2. Дали бебињата може да се размазат?
– Бебињата помали од шест месеци не се во можност да манипулираат со вниманието на родителите, велат стручните лица. Не дозволувајте прашањето околу размазувањето на детето да ве загрижува уште од сега, наместо тоа целото внимание посветете го на тоа да го разберете што бебето има да ви каже и како тоа реагира на светот околу себе.

3. Зошто на моето бебе му се криви нозете?
– Сетете се дека до неодамна вашето бебе било во фетална позиција и сосема е нормално неговите нозе да ја немаат сосема правата форма. Комплетното исправување на нозете се очекува до почетокот на втората година од животот на детето.

4. Кога моето бебе ќе почне да спие преку цела ноќ?
– Новороденчињата можат да спијат и по 18 часа дневно но во кратки интервали. Кога ќе стане свесно за гладта, тоа се буди во плач со цел да го привлече вашето внимание. Тој процес може да се повторува во просек по десеттина пати дневно и е сосема нормална појава. За преспивање преку целата ноќ може да помине уште некој месец.

5. Дали новороденчето треба да спие легнато на стомачето или на грб?
– Спиењето на грб значително го намалува ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај бебињата, на тврд душек без присуство на придружни предмети во креветчето. Спиењето на страна, со перница како потпора позади грбот е добра алтернатива само доколку душекот е тврд.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk