Пилешко месо-да или не

На кратко за пилешкото месо: Силата во пилешките копани, здраво срце со пилешките масти и конечната пресметка меѓу копаните и белото месо!
Копани

Копаните се полни со глукозамин кој е одличен за здравјето на зглобовите, посебно ако дигате тегови. Ставете половина килограм во експрес лонецот, додајте лажичка оцет (бидејќи помага во извлекувањето на хранливите состојки од коските и ‘рскавците) и ставете вода колку да ги залиете копаните. Додадете зеленчук и лук и варете го околку 3 часа во експрес лонец (или 6-8 часа во регуларен). Прецадете и останатата течност искористете ја за чорба, супа или друго јадење.

Омега-3 во пилешкото месо

Не, нема повторно да зборуваме за тоа колку е здрава рибата, или пак лененото семе. Омега-3 масните киселини во голема мера се наоѓаат и во пилешкото месо, но само кога е во прашање домашна кокошка, која не се храни претежно со пченка, туку е на слобода по цел ден и јаде тревки и инсекти. Колку е постара кокошката толку подобро, бидејќи ќе има повеќе наталожени масти кои никако не треба да ги отстраните бидејќи се многу здрави.

Бело месо или копан?

Иако сите сметаат дека белото месо е најздраво воопшто не е така! Ова верување води потелко уште од застарените сфаќања дека животинските заситени масти се нездрави и дека белото место ги содржи во најмала мера па затоа е најздраво. Но, сега знаеме дека заситените масти и холестеролот не само што се безопасни туку се и пожелни во исхраната, па така нема потреба да ги отстрануваме копанот и надкопанот кои за разлика од белото месо содржат многу повеќе железо.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk