Планирате бременост-што треба да имате во предвид

Објавено на: Nov 28, 2016 од Мама Ане

Идните мајките треба да бидат во што е можно подобра физичка кондиција, со однос на тоа дека телото во текот на бременоста е под поголемо оптоварување и стрес и е предмет на неверојатни промени.

Имено, во текот на бременоста матката од 50-60 грама се зголемува за повеќе од еден килограм, срцето работи повеќе за 50%, а волуменот на крвта се зголемува за една третина.

Би било добро секоја идна мајка барем три месеци пред планираната бременост да почне да практикува редовна физичка активност, здраво да се храни за да ја зголеми својата физичка кондиција и шансите за ефективно зачнување.

Препорачливо е пред планираната бременост да се направи пап тест ( брис од грлото на матката ) за да се елиминира ризикот од можно постоење на вагинални инфекции.

Исто така, препорачливи се и крвните анализи. Со редовна контрола важно е да се овозможи адекватно ниво на железо во крвта, кое заедно со редовната и навремена консумација на фолна киселина во текот на првите три месеца од бременоста го заштитува бебето од можни оштетувања во развојот како што е нецелосното затворање на рбетниот столб.

Секогаш кога сте бремени или планирате бременост избегнувајте ги непотребните рентгенски зрачења.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…