Победете ја желбата за благо со овој вкусен шејк од мед и малини

Имате желба за слатко? Не посегнувајте по нездрави колачи полни со шеќер. Наместо тоа направете го овој прекрасен освежителен овошен шејк и уживајте во неговиот одличен вкус.

Потребни состојки за една порција:

– 50 грама смрзнати малини
– 100 мл јогурт
– 1 лажица мед
– 1 банана
– малку ѓумбир
– малку цимет

Подготовката не може да биде поедноставна. Сите горенаведени состојки сипете ги во блендер и блендирајте се додека не добиете хомогена смеса. Шејкот пресипете го во висока чаша и послужете.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk