Поделбата на обврските ве носи кон развод

Брачните парови сè почесто се одлучуваат за развод, а според истражувањата, најчестите причини за тоа се неверството и семејното насилство. Истражувањата покажуваат дека паровите најчесто се разведуваат во март и во август и дека поделбата на обврските ги зголемува шансите за развод.
Според едно истражување при универзитетот во Вашингтон, објавено во 2016. година, паровите најчесто се разведуваат во март и август. Научниците сметаат дека паровите кои планираат развод, треба да заминат на некое патување бидејќи одморот претставува “циклус на оптимизам” кој им помага на партнерите да добијат шанса за нов почеток.
Истражувањата покажуваат дека шансите за развод се многу помали кај паровите кои се венчале во своите доцни дваесетти години. Исто така, мала е веројатноста да се разведат паровите кои се блиску со годините. Една студија која ја спровел универзитетот Емори открила дека веројатноста за развод помеѓу хетеросексуалните парови се зголемува со годишната разлика помеѓу сопружниците.
Харвардовата студија од 1986. година, објавена во American Sociological Review сугерира дека до развод може да доведе и поделбата на обврските помеѓу партнерите.
Во поглед на здравјето, научниците докажале дека разводот го зголемува ризикот од срцев удар кај жените, но од друга страна, постарите жените по разводот имаат подобро здравје.
Интересно е тоа што разводот во денешно време е сè почест помеѓу постарите парови.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk