Подготовка на бебето за прво патување

Доколку се подготвувате на пат со бебето, логично е да се грижите за тоа како ќе рагира на новата средина, а посебно дали ќе може да јаде и спие во тоа опкружување.

Вистината е дека штом ќе излезе од секојдневната рутина, тешко заспива. Но нека не ве фаќа паника туку на време подгответе се за промените.

Неколку дена пред патување поместете ги времето на доење или на бебето дајте му шише млеко во друг термин.

Наместо да го заспивате вие, препуштете му го тоа на сопругот за бебето да се соочи со таа промена.

Ставете го да спие во преносно креветче, за да се одвикне од својот кревет.Така полесно ќе заспие во апартманот или хотелот бидејќи веќе го променило душекот.

Сепак, не им скратувајте се на што се навикнати, бидејќи тие се навикнати на рутина

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk