Подгответе ефикасен лек против сува кашлица од рен

На големо изненадување, ренот содржи двојно повеќе витамин Ц од лимонот.

Исклучително богатиот витамински и минерален состав на ренот, покрај витаминот ц се збогатува и со витамините од групата Б, калциум, магнезиум, фосфор, железо и силициум.

Ренот се смета дека е природен антибиотик бидејќи содржи неверојатни антибактериски својства, па токму затоа во народната медицина од дамнешното минато се користи како лек за зајакнување на имунитетот, против упорна и надразнителна кашлица и болести на респираторниот тракт.

Надразнителната кашлица можете многу брзо да ја смирите со помош на природниот напиток од рен. За неговата подготовка потребно ви е 1 лажица свежо изрендан рен, 1 лажица ситно исецкан лук, 5 лажици вода и 5 кафени лажици мед.

Ренот помешајте го со медот, додајте го лукот и водата и уште еднаш добро промашејте се додека смесата не се изедначи. Ставете ја смесата на оган и варете околу 3 до 5 минути. Земајт по една кафена лажичка од лекот секојневно по минимум три пати пред јадење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk