Полна чинија витамини-предност на зеленчуковата диета

Со витаминската зеленчукова диета лесно и брзо ќе го симнете вишокот на килограми а при тоа нема да бидете гладни.

Режимот на витаминската диета се базира на зголемена застапеност на зеленчук во исхраната.

Препорачаниот дневен внес на калории не треба да надмине 1300 калории.

Оваа диета не пропишува строги правила на дневното мени, кое слободно можете да го прилагодите според своите навики и потреби. Дозволено за конзумирање се зеленчукот, месото, рибата. Овошјето не треба да се исклучи во целост туку да се редуцира.

Додека зеленчукот е препорачлив во неограничени количини, количината на месото во текот на неделата се препорачува да не надмине повеќе од 400 грама. Дозволени се и три лажици маслиново масло во текот на денот и ориз но не повеќе од 100 грама неделно.

Забранети се сите намирници во чиј состав доминираат јаглените хидрати.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk