Полномасно млеко или млеко со намалена масленост во детската исхрана

Објавено на: Oct 28, 2016 од Мама Ане

Децата треба да добиваат млеко и млечни производи секој ден. Тоа е најдобриот извор на лесно искористлив калциум, кој е важен за развојот на коските.

Млекото и млечните производи содржат корисни протеини, витамин А, витамин Д, целиот спектар на витамините од групата Б, особено Б2 витамин. Киселото млеко и јогуртот имаат посебно значење во исхраната на децата бидејќи млечнокиселите бактерии го подобруваат варењето на храната,
го стимулираат движењето на цревата и ја намалуваат појавата на запек.

Се препорачува децата да консумираат млеко и млечни производи секој ден, најмалку 300-350 мл кисело или пресно млеко и 25-30 грама сирење со помалку сол (отсолено).

На децата до 5-годишна возраст треба да им се даваат полномасно млеко и млечни производи.

По петтата година се препорачува постепено да се воведуваат млеко и производи од млеко со намалена масленост (до 2% масленост).

Не се препорачува на деца под 5-годишна возраст да им се дава млеко со намалена масленост од 1% или на деца под 2-годишна возраст да им се дава млеко со делумно намалена масленост.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…