Помалку килограми поквалитетен сон

Доколку се ослободите од вишокот килограми квалитетот на вашиот сон ќе се зголеми-тврдат научниците од Американската здравствена асоцијација.
Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија докажале дека намалувањето на вишокот килограми значително влијае врз квалитетот на сонот, без разлика дали до слабеењето дошло поради држење на диета или вежбање.

Во истражувањето биле вклучени 77 пациенти кои имале вишок килограми. Сите од нив страдале од несоница, немирен сон или чести кошмари.

По шест месеци диетески режим и практикување на редовна физичка активност, освен што дошло до намалување на килограмите и масните наслаги дошло и до промена во квалитетот на сон. Несоницата била најретко забележана, а лошите соништа минато.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk