Постелката е привремен орган во мајчиното тело

Плацентата е единствениот привремен орган што се создава во телото на жената во периодот на бременоста. Од почетокот на вториот месец од бременоста во матката започнува да се создава еден вид на сунѓересто ткиво кое се зацврстува за ѕидот на матката. Тоа ткиво се нарекува постелка ( плацента ).
Тежината на постелката по износената бременост изнесува во просек околу 500 грама. Овој привремен орган што се исфрла непосредно по породувањето е многу богат со крвни садови. Едната страна на постелката е свртена кон ѕидот на матката а другата кон плодот.

Од нејзиниот средишен дел излегува папочната врвка каде исто така се сместени мноштво крвни садови и еден голем крвен сад кој до плодот носи свежа крв од мајката и два помали крвни сада кој ги изнесуваат отпадните материи од плодот надвор од матката и телото на мајката.

После раѓањето на бебето, постелката спонтано се одделува од ѕидот на матката и се исфрла со контракција на матката.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk