Постои ли поврзаност помеѓу анемијата и менталниот развој кај децата

Нелекуваната анемија може да предизвика забавен ментален развој кај децата-тврдат научниците.
Анемијата која што е последица на ниско ниво на железо во оргнизмот на детето многу ретко доведува до појава на посериозни компликации по здравјето на детето.

Тоа е така бидејќи родителите релативно брзо го воочуваат постоењето на анемија и со лекарска препорака се започнува со соодветен третман за подобрување на состојбата.

Сепак, ако анемијата како состојба трае подолго време, односно започнува уште во раното детство и продолжува да постои неколку години, можно е да се појават компликации во степенот на развиток кај детето. Тие развојни промени пред се вклучуваат забавен ментален развој.

Некои поретки видови на анемија кога постои наследен дефект во создавањето на хемоглобин можат да резултираат и со посериозни компликации по општото здравје на детето, но дури и тогаш, со соодветна терапија состојбата најчесто успешно се држи под контрола.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk