Повлечени од пазарот овошни кашички од јагода, малина и јаболка

Германскиот синџир продавници „ДМ“ превентивно ги повлече од пазарот еко-кашичките од јагода, малина и јаболка со нето-тежина 190 грама, наменети за деца постари од четири месеци. Одлуката ја спровеле откако при контрола на еден од производите е утврдено присуство на остатоци од средство за миење што содржи хлор. Решено е производот да се повлече од продажба бидејќи не се знае дали и во другите теглички има зголемено ниво на хлор. Ова е последица на користењето хлорна вода при дезинфекција на апаратите за обработка на овошјето. Зголеменото внесување на хлор во еден ден може да ја ограничи способноста за внесување на кислород во крвта, како и да предизвика пречки при процесот на ширење на јодот во организмот, информира „ДМ“.

Ги замолуваат потрошувачите кои го имаат купено спорниот производот во која било земја каде што е присутен „ДМ“, истиот да не го користат и да го вратат во дрогериите, без разлика дали е отворен или не. Спорниот производ ќе биде заменет со нов или парите ќе бидат вратени во целост.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека во Македонија не се увезени еко – кашичките што ги повлекува маркетот. Според нив, производството, увозот и ставањето во промет храна за доенчиња и мали деца во Македонија подлежи на посебен режим на одобрување. Согласно со Законот за безбедност на храна, обврска на операторите со храна е да вршат задолжителни лабораториски испитувања на производите со кои ќе ја потврдат безбедноста. Од АХВ додаваат дека ќе ја следат состојбата со повлекувањето на кашичките во Германија, и доколку има потреба соодветно ќе реагираат.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk