Позитивните и негативните страни на епидуралната анестезија

Во текот на изминатите неколку децении епидуралната анестезија стана толку популарна што дури 60% од жените се одлучуваат со нејзина помош да поминат низ процес на безболно породување.

Секоја жена треба да размисли за тоа кои се потенцијалните добри придобивки и лоши страни при аплицирањето на епидурална анестезија и според околностите во кои што се наоѓа да одлучи дали има реална потреба од неа.

 

– Кои се позитивните страни на епидуралната анестезија?

Добра страна на епидуралната анестезија е што постои можност да се контролира дозата која што се аплицира во текот на породувањето. Таа може да варира во зависност од нивото на болка. При тоа постои континуитет во аплицирањето на лековите во текот на целото породување. Со намалување на породилните болки трудницата има можност смирено и со полна сила да се фокусира на чинот на породување. Во случај кога се аплицира епидурална анестезија мајката може да остане будна во текот на чинот на породувањето и што е уште поважно будна да го дочека моментот кога нејзиното малечко ќе дојде на овој свет.

-Кои се негативните страни на епидуралната анестезија?

Како недостатоци на епидуралната анестезија се смета можното пролонгирање на чинот на породување. Можен е пад на крвниот притисок кај мајката што може да резултира со намалена срцева активност кај плодот. Кај некои жени веднаш по аплицирањето можно е како несакана појава да се појави мачнина и повраќање. Како негативен аспект се смета и ограниченото движење на трудницата откако ќе се постави епидуралниот катетер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk